Поранешната потпретседателка на украинската влада, Јулија Свириденко, денеска беше избрана за нова премиерка на Украина. За нејзиното именување гласале 262 од вкупно 450 членови на Врховната рада.
Таа го заменува Денис Шмихал, кој ја одржа функцијата пет години, што е најдолг мандат во историјата на земјата. Шмихал ќе прејде на позицијата министер за одбрана, заменувајќи го Рустем Умеров, за кого се претпоставува дека ќе биде новиот амбасадор на Украина во Соединетите Држави.
Претседателот Володимир Зеленски претходно го предложи именувањето на Свириденко за лидер на владата. Тој нагласи дека со неа разговарал за реализирање на договорите со европските и американските партнери, постигнати за време на неодамнешната Конференција за обновување на Украина во Рим.
– Мора да делуваме што побрзо за да ја поддржиме стабилноста на нашата држава и општество, заклучи украинскиот претседател.



