Јуве го победи Лацио на Олимпико и дојде на чекор поблиску до Скудетото

Јувентус рутинирано со 2-0 славеше на гостувањето кај Лацио, Старата Дама на шест кола до крајот има 11 бода пред второпласираниот Наполи.

Јувентус со победа над Лацио се рехабилитираше од елиминацијата од Лигата на Шампионите.

Со новите три бода Јуве дојде чекор поблиску до одбрана на титулата која уште од поодамна е само формалност.

Артуро Видал со два постигнати гола е херој на Јувентус на овој натпреварот.

Најпрво во 8. минута од пенал погоди за водство од 1-0, а 20 минути подоцна ги постави и конечните 2-0.

По овој пораз Лацио полека се збогува со надежта дека може да дојде до третата позиција која води во Лигата на Шампионите, реалноста е битка за Лига Европа.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -