Јувентус ја отвори сезоната со победа (видео)

Фудбалерите на Јувентус ја стартуваа одбраната на титулата во Серија А со рутинска победа од 2:0 над составот на Парма.

„Старата дама“ ја контролираше играта во текот на целиот меч, а по нереализираниот пенал на Видал во првиот дел, двата погодоци паднаа на почетокот од второто полувреме. Лихтштајнер предизвика еуфорија меѓу домашните навивачи кога постигна гол на додавање на Асамоа, додека вториот погодок беше дело на Пирло од слободен удар, но предизвика и бурни реакции од страна на гостите, кои се жалеа дека топката не ја минала гол-линијата.

{youtube}bf2RJSqYp0s{/youtube}

Претходно, во првиот меч од оваа сезона Фиорентина славеше над Удинезе со 2-1 благодарение на двата погодоци на Стеван Јоветиќ.

- Реклама -