Кабинетот на Орбан демантира дека Груевски бил во домот на унгарскиот премиер

По информацијата дека Груевски вчера ноќеска бил во вилата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесена од екипата на терен во Будимпешта на 1ТВ, од кабинетот на Орбан демантираат дека имало било каква средба меѓу него и Груевски во неговиот дом.

„Премиерот отиде дома вчера, се сретна со лицата Флора и Роза, но не и со човекот кого што го именувавте“, изјавил за унгарските медиуми Хавас Берталана – лицето одговорно за односи со јавност од кабинетот на унгарскиот премиер, пренесува Алсат-М.

„Значи, информацијата треба да се класифицира како неточна“, заклучува Берталана.

Прочитајте и:  Орбан: Од планот на Зеленски за победа излегува дека претходно планот бил за пораз
- Реклама -