Кабинетот на Заев демантира дека било разговарано за промена на химната и државните симболи

Кабинетот на премиерот Зоран Заев го демантира лидерот на ДУИ – Али Ахмети, дека е разговарано за промена на државните симболи.

Во коментар за „Канал 5“, тие велат дека ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знамето, грбот или химната на државата.

„Во изјавата на г. Ахмети не забележавме дека тој изјави дека наводно било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта.

Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој, економија и повеќе пари за граѓаните. Владата ќе продолжи на тој пат“, додаваат од Кабинетот на Заев за „Канал 5“.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно
- Реклама -