Кабриолет варијантата на Астра може да се очекува во Париз

Со привршувањето на развојот на отворената верзија на Astra, се појави и дилемата дали таа ќе се појави во Париз, или пак ќе чека до Женева?

Проектиран на продолжена верзија на платформата на сегашната генерација на опеловиот компакт, новиот модел кој ќе ја замени TwinTop верзијата на Astra ќе има четири седишта, електрично придвижуван платнен покрив и најверојатно ново име, бидејќи идејата на челниците на компанијата е тој да биде издвоен и повисоко позициониран од останатата гама.

Заради тоа и се очекува да биде првиот модел на Opel во кој ќе биде вграден новиот 1,6 литарски турбо мотор со директно вбризгување со 200 КС, кој веќе е претставен на јавноста. Токму тој факт придонесува и за мислењата дека кабриолет верзијата на Астра ќе биде претставена на есенскиот салон на автомобилите во Париз наместо во Женева, непосредно пред почетокот на неговата продажба.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

Според новата организациона структура, Opel и овој модел ќе го произведува во Полска.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -