Каде да одите кога сте во Прага

intro_praga.jpg Дури и ако сте биле во Прага, овој град инсистира на нова посета бидејќи постојано се менува и дефинитивно има што да покаже. Дел од најатрактивните градби се изградени во последните неколку години, па ако немате прилика да се сликате пред нив, барем погледнете ги фотографиите на 365.com.mk и запомнете ги четирите места што мора да ги посетите кога ќе одите во Прага.


Дури и ако сте биле во Прага, овој град инсистира на нова посета бидејќи постојано се менува и дефинитивно има што да покаже. Дел од најатрактивните градби се изградени во последните неколку години, па ако немате прилика да се сликате пред нив, барем погледнете ги фотографиите на 365.com.mk и запомнете ги четирите места што мора да ги посетите кога ќе одите во Прага.

The dancing house дизајнирана од Frank Gehry и Vlado Milunic
dancing_house_5.jpg

Ова ремек дело на модерната архитектура е завршено во 1996 година за потребите на холандска осигурителна компанија, а денес е дом на прекрасниот ресторан Céleste, како и многу современи канцелариски простории.

dancing_house_2.jpg

dancing_house_3.jpg

Во март на најгорните катови од Dancing House се отвори нов ресторан, Céleste, каде може да се насладувате со необичните гурмански иновации подготвени од францускиот готвач Gwendal Le Ruyet додека уживате во прекрасниот поглед на реката и Прашкиот замок кој е еден од најголемите во светот.
Ресторанот има луксузен современ декор и е сместен на последните два
ката од зградата, па нуди спектакуларен поглед што ќе ве остави без
здив особено ако седнете на терасата создадена за панорамско уживање.

celeste.jpg

Поглед на Прашкиот замок од ресторанот Céleste
Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство
cheshki_dvorec.jpg

Галеријата DOX
dox_1.jpg

Прага се етаблира и како град на современата уметност, благодарениа на музеите и галериите од кои се издвојува Dox центарот за современа уметност. Независната иницијатива DOX ја отвори оваа огромна галерија кон крајот на 2008 година.

dox_2.jpg
dox_3.jpg
dox_4.jpg
dox_design-shop-.jpg

На вториот кат има кафуле каде се одржуваат панел дискусии и прес конференции, и секако обични кафе-седенки во друштво на интересни уметници.

prague-dox-gallery-cafe.jpg


Prvni Pivni Tramway

prvni_pivni_tramway_1.jpg
prvni_pivni_tramway.jpg

Меѓу многуте пивници наминете и во Prvni Pivni Tramway (Првиот пивски трамвај) каде има стари столчиња од трамвај и каде на заминување секој гостин ќе биде поздравен со ѕвонење на трамвајско ѕвонче. Кога друг пат ќе имате прилика да пиете 16 видови пиво додека трамвај минува веднаш до вашиот прозорец?

Erhartova Cukrarna
erhartova-cukrarna-.jpg

Љубителите на слатки никако не смеат да ја пропуштат слаткарницата Erhartova Cukrarna сместена во градба од 1937 година. Местото е заштитено како дел од културното наследство на Прага, па ентериерот, како и рецептите се традиционални, непроменливи и мамат воздички. Тие велат дека разликата меѓу просечен колач и колач направен тука е очигледна на прв залак. Нема причина да се сомневаме во тоа, нели?

erhartova_cukrarna_blagi.jpg
erhartova_cukrarna_2.jpg
erhartova_cukrarna_3.jpg

erhart_torta0.jpg

erhart_torta3.jpg

erhart_torta2.jpg

erhart_torta1.jpg

- Реклама -