Каде грешите во сексот

Дали повеќето оргазми одеднаш се наменети исклучиво за жените? Дали во порно-филмовите уживаат само мажите?

Колку и да се зборува за сексот во последниве години, некои работи и понатаму остануваат непознати. Токму поради тоа некои митови се многу актуелни. Проблемот е што тие митови до некаде можат да го нарушат квалитетот на вашиот сексуален живот. За да не дојде до тоа, важно е да бидете информирани. Ова се некои од најприфатените верувања кои се, всушност, далеку од вистината.

Мажите го достигнуваат сексуалниот врв на 18, а жените на 28 години

Ова е мит од понова историја, но сепак е мит. Машките и женските хормони можеби навистина го достигнуваат врвот во наведената возраст, но хормоните се само мал дел од либидото и сексуалноста. Сексуалниот врв може да трае долги години и зависи исклучиво од личноста, нејзините афинитети и желби. Секако, здравиот начин на живот помага при останување во сексуална форма.

Мажите се плашат од вибратори

Ова не може да биде поголема лага! Поточно, на мажите всушност им се допаѓа идејата за вибратор како потенцијален трет член во сексуалниот чин. Некои тоа можеби нема отворено да го признаат, но вистина е. Вибраторот може да им помогне на мажите за подобро и повешто сексуално да ја задоволат жената.

Мажите не можат да имаат повеќе оргазми одеднаш

Општо е познато дека жените можат да имаат повеќе оргазми одеднаш, но можат и мажите. Вистина е дека во физичка смисла се случува само една ејакулација, но во текот на сексуалниот чин мажот може да искусат постојани кулминации без ејакулација. За тоа е потребно мало образование и повеќе тренинг, но докажано е дека е возможно.

Порно-филмовите се за мажи

Да, но порно-филмовите се и за жени. Еротските фотографии и кај жените активираат дел од мозокот задолжен за сексуално возбудување. Исто така, порно-филмовите добро им доаѓаат на жените и за откривање нови пози и одредени техники за кои не им е пријатно да разговараат со некои други личности. Така што, порно-филмовите за жените имаат и едукативен карактер.

Жените не се визуелни типови како мажите

И ова е еден мошне раширен мит. Исто како и мажите, и жените ги возбудува убаво тело и убаво лице. Тоа не им е најважната работа на светот, но и тоа го воочуваат и исто така сексуално ги возбудува. Подеднакво ги возбудува и гледање сексуален чин, но за разлика од мажот, жената треба да достигне одреден степен на доверба во партнерот за да може целосно да се опушти за такви акции.

Жените многу поретко размислуваат за секс од мажите

Овој мит е само делумно точен. Мажите навистина почесто мислат на секс од жените, но не во толкава мера како што долго време се верувало. Сексот многу често се врти и во женската глава, а таквите слики и мисли посебно се интензивни за време на овулација.

- Реклама -