Иранските власти и јавноста се сè позагрижени поради отсутноста на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој не се појавува јавно и не издава соопштенија веќе речиси една недела. Оваа ситуација особено загрижува, имајќи предвид дека конфликтот со Израел беше запратен со прекин на огнот.
Според „Њујорк тајмс“, Хамнеи наводно е преместен на непозната локација по избувнувањето на судирите помеѓу Иран и Израел на 13 јуни. Се верува дека тој сè уште се крие поради страв дека израелските безбедносни служби можат да се обидат да го ликвидираат дури и за време на примирјето.
Дополнително, властите не изнесоа никакви официјални информации за неговата здравствена состојба или за тоа дали активно учествува во донесувањето одлуки во државата.
На прашањето за отсуството на Хамнеи, неговиот близок соработник и раководител на архивата, Мехди Фазели, изјави дека луѓето одговорни за безбедноста на врховниот лидер ги исполнуваат своите обврски, додавајќи дека „со Божја волја, народот наскоро ќе ја прослави победата со својот лидер“.
Американскиот весник нагласува дека отсутноста на Хамнеи ја продлабочува внатрешната политичка напнатост помеѓу конзервативните и умерените фракции на владата во Техеран, кои се разделуваат околу следните чекори што Иран треба да ги преземе по намалувањето на напетоста со Израел.




