Кајри Ирвинг следи план за продолжување на соработката со Далас Маверикс на тригодишен договор, кој ќе вреди 119 милиони долари.
Ирвинг, кој има опција да стане слободен агент во сезоната 2027/28, се наоѓа во процес на опоравување од повреда на предните вкрстени лигаменти, поради што ја заврши сезонава во март годинава.
Деветкратниот учесник на „Ол-стар“ е решен да остави траен печат во Маверикс, верувајќи дека оваа франшиза може да ја освои шампионската титула во лигата. Се очекува неговото враќање на теренот во јануари по успешната операција.
Во изминатата сезона, 33-годишниот Ирвинг постигнуваше просечно 24,7 поени за 50 одиграни натпревари, со 4,8 скока, 4,6 асистенции и 1,3 украдени топки, во просек од 36,1 минути на теренот.
Во речиси три сезони поминати со Маверикс, Ирвинг оствари просек од 25,5 поени, 4,9 скока, 5,1 асистенции и 1,3 украдени топки, играјќи по 35,9 минути во 128 натпревари од регуларната сезона, секогаш во почетната петорка.




