Кајли ја напушта музиката

По четврт век од кога го објави првиот сингл и по 65 милиони продадени албуми, 44-годишната Кајли Миног одлучи да се откаже од музиката прекинувајќи ја соработката со својот менаџер.

Пејачката наводно сака да се повлече од музиката и да се посвети на актерската кариера. Оваа одлука ја донела по прекинот на соработката со Тери Блејми, кој ѝ помогнал да влезе во музичките води со синглот ’Locomotion’ кога имала само 19 години.

Нивната соработка официјално заврши на пречекот на Нова година, по завршување на турнејата на Кајли со која ја прослави 25 годишната кариера.

“Кајли одлучи малку да се оддалечи од притисокот под кој се наоѓа и од нејзината музичка кариера и да се посвети на себе си и актерството“, напишал Блејми во пораката што ја испратил до нивните деловни соработници и пријатели. Но, додал оти тоа не значи дека Кајли ќе се повлече целосно од музиката, туку дека ќе оди на некој вид одмор.

- Реклама -