Дали Кака ќе се сели во Манчестер?

Раководството на Реал Мадрид во текот на оваа недела ќе го комплетира трансферот на Лука Модриќ од Тотенхем. Сепак, пристигнувањето на хрватскиот ас ќе придонесе уште повеќе да се влоши тимскиот статусот на Рикардо Кака.

За Кака се шпекулира дека сигурно ќе си замине од Сантијаго Бернабеу до крајот на летниот преоден рок. Фактот дека Кака воопшто не влезе во игра на првиот натпревар против Валенсија е дополнителен доказ дека Мурињо не смета сериозно на неговите услуги. Па јасно е зошто Бразилецот на својот агент му порачал што поскоро да му најде нов клуб.

Манчестер Јунајтед сосема неочекувано се вклучи во трката по Кака откако беше обелоденето дека „Кралевите“ самите му го понудиле овој фудбалер на Алекс Фергусон на едногодишен заем. Во Мадрид се исфрустрирани од неможноста да постигнат договор со Милан и покрај интензивните преговори.

Прочитајте и:  Модриќ пред Пушкаш - ќе стане најстариот играч во историјата на Реал Мадрид

Италијанците сакаат да го доведат својот поранешен игра на Сан Сиро, но инсистираат Реал се уште да плаќа дел од неговата плата, што е неприфатливо за водечките луѓе на Реал Мадрид. Токму поради ова, сè поверојатно е дека Кака нема да се врати во Милан, а Кралевите ќе сторат сè што е во нивна моќ за да го испратат Кака на Олд Трафорд.

Платата на некогаш најдобриот светски фудбалер изнесува над 200.000 фунти неделно, па останува да се види дали Фергусон ќе одобри еден ваков трансфер, особено во ситуација кога пред само неколку дена го потпиша Робин ван Перси за плата од 250.000 фунти неделно. Сер Алекс синоќа го комплетираше трансферот на левиот бек Александер Бутнер од Витесе за 3,9 милиони фунти, со што овој фудбалер ќе му биде резерва на Патрис Евра.

- Реклама -