Какаото и чоколадото можат да помогнат во спречување на сенилност

Дали сте знаеле дека чоколадото може да ви го спаси животот? Две нови студии додаават легитимност на тврдењето дека животот е далеку подобар со чоколадо.

Првата студија покажува дека какаото кое е полно со флаванол влијае позитивно кај постарите пациенти кои искусуваат мали когнитивни ограничување. Флаванолото е хемикалија кај некои типови на чоколадо која влијае како антиоксидант.

На дел од учесниците во студијата им било кажано да пијат или 990 милиграми (висока количина), 520 милиграми (средна) или 45 милиграми (ниска) пијалак кој содржи флаванол, создаден со комбинирање какао и млеко, секој ден во текот на осум недели, додека флаванолот бил комплетно отстранет од исхраната на другите учесници.

Резултатот? Значајно подобрување кај одредени ментални задачи. Оние кои примале висока или средна количина какао ги завршувале менталните тестови побрзо, биле поелоквентни и покажале зголемена моторна реакција на визуелни стимули, подобрена меморија и подобро менувале од една во друга задача. Тие покажале и пад на отпорноста на инсулин, крвен притисок и оксидативен стрес.

Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок

Во меѓувреме анализа на Cochrane Library се фокусирала на ефектот на какаото врз крвниот притисок. Оваа мета-анализа ги анализирала студиите за конзумирање на чоколадо (и повторно флаванолите), и нашле мал но забележителен пад кај крвниот притисок.

Податоците опфатиле сè од 30 до 1080 милиграми флаваноли во 3 до 100 грама чоколадо секој ден, и чоколадо или какао богато со флаваноли, тоа е мала но значајна количина. Значи слободно конзумирајте чоколадо или какао. Како што рекол еден од истражувачите „како дел од балансирана исхрана со контролиран број на калории“.

- Реклама -