Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал iPhone ако бил направен уште во 1986-тата?
Пјер Серву не само што се запрашал, туку преку својот „Macintosh Phone Concept“ ни ја претставува неговата инспирација земена од еден од најпопуларните продукти на Apple – Macintosh 512k.
Назад сме во 1986-та, а тоа значи само едно – телефонот има хибридно ротирачко бројно тркало, овој пат со две опции. Едната е бирање на броеви при повик, а другата е „скролање“ (навигирање) низ опциите во менито, прикажани на мал CRT дисплеј. За да ја користите едната или другата, потребно е соодветно да го подесите прекинувачот до бројчаникот.
Задната страна несомнено го имитира задниот вентилатор на оригиналниот Macintosh, со тоа што има само еден 9-пински порт, кој, верувале или не, би овозможил комуникација на овој ретро смартфон со денешните модерни уреди.
Единствена маана на концептот на Пјер е тоа што Macintosh Phone 512kb не изгледа доволно дебел за да ги собере потребните осум АА-батерии, кои патем би се трошеле на секои 5 часа.