Како британските хипстери доведоа до бум на цените на недвижностите

Хипстери – млади луѓе познати по уредните долги бради, карираните кошули, а од поново време и по кревање на цените на недвижностите во Британија.

Според вебсајтот Zoopla, имотите во местата со хипстерска заедница во Велика Британија се значително пораснати во последната година. Проучувањето ги следи цените на имотите во местата кои се привлечни за новите генерации од креативни и мобилни луѓе (за какви се сметаат и хипстерите). Некои квартови дури и намерно се „облагородуваат“ со цел да бидат привлечни за младите купувачи.

Епицентарот на хипстерскиот имотен бум е Далстон во североисточен Лондон, каде цените се пораснати за 60% во последните 5 години. Денес просечната цена на имот во Далстон е 634.000 фунти. Други места во кои е видливо зголемувањето на цените, откако таму ќе се населат хипстери, се и Шордич, Статфорд, Титинг и Стоук Нотинген.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
Органски маркет во Далстон.

Не се само лондонските имоти тие што потпаѓаат под хипстерскиот бран. Во Бристол, во квартовите Монпелје, Стоук Крофт и Сеинт Пол, цените се пораснати за меѓу 37 и 40% во последните 5 години. Квартовите Jewellery Quarter во Бирмингам, Чoрлтон во Манчестер, Хедингли во Лидс и Лејт во Единбург, исто така бележат раст на цените во споредба со нивните околни реони.

Лоренс Хол – претставник на Zoopla, објаснува дека со оглед на големината и популацијата на Лондон, не е чудно што во „пограничните“ области од градот (а така е и во другите градови) се населуваат сé повеќе млади, кои потоа диригираат обнова и модерна преродба на запуштените области, со цел да го привлечат и примат бранот од нови млади жители, главно доминирани од хипстерите. Како резултат на тоа, цените на имотите во овие подрачја забрзано растат.

BYCW88 Trendy young people on Bedford Avenue in Brooklyn, New York City, America, USA
- Реклама -