Денес имаме навика да отвориме профил на социјалните мрежи од различни уреди и локации. Доволно е само да заборавите да излезете од профилот, и секој по вас ќе има пристап до фотографиите, пораките и сите информации. Не е исклучено и некој да ја запомни лозинката.
Ако имате чувство дека некој друг се лoгира на вашиот профил има еден лесен начин да се провери дали стравовите ви се оправдани. Дури и ако мислите дека сте единствениот кој што го користи вашиот Facebook профил, добро е од време на време да ги проверувате сите активни сесии.
1. Проверете ги сите активни сесии
Одете во Settings> Security> When You’re Logged In и ќе ги видите сите активни сесии на профилот од различни уреди и апликации, заедно со датумот на последното логирање, како и од каде и од каков тип уред се случил пристапот. Информациите може и да ве изненадат, но ова сепак само ќе ве направи повнимателни и ќе ви помогне да размислите за тоа колку е лесно да бидете следени и да ви бидат украдени вашите лични податоци. Во повеќето случаи следењето на активните сесии треба да ви биде доволна информација за да откриете сомнителна активност . Ако најдете таква, не паничете, туку едноставно притиснете „End Activity”, за да запрете непозната сесија. Потоа, од дадениот уред или апликација нема да може да се влезе во вашиот профил без лозинка.
2. Погледнете детална листа со сите податоци за влез и IP адреси
Ако сакате да бидете целосно сигурни дека вашиот Facebook профил е безбеден, можете да добиете детален список на целата активност. За да ги преземете податоците, одете во Settings> General и кликнете на опцијата “Download a copy of your Facebook data”. Откако ќе ја внесете вашата лозинка, ќе добиете е-маил со линк. Отпакувате ја ZIP датотеката и отворете index.htm во вашиот интернет пребарувач. Во суштина она што го гледате се сите ваши достапни податоци на Facebook – своите мислења, разговори и сесии. Кликнете на “Security“, за да видите листа со сите сесии на профилот. Разликата тука е дека не само што ги гледате сите активни сесии, туку и сите истечени, како и сите IP адреси, од кои се создадени.