Како да ги излечите црвенилото и испуканите капилари на лицето?

Секоја жена мечтае за здрава и мазна кожа. За жал, непријатностите како куперозата ( црвенило и пукање на капиларите на лицето) влијаат врз надворешната слика кај бројни претставнички на понежниот пол.

Причините за појавата на купероза, не се целосно истражени. Се препоставува, дека најодговорни се гените и слабото сврзно ткиво, но врз настанувањето секако влијаат и одредени внатрешни и надворешни фактори како што се стрес, UV – зрачења, алкохол, силни зачини, кофеин, хормонална неврамнотеженост. Црвенилото не е исклучиво естетски проблем, бидејќи со понатамошен развој на пореметувањето на кожата, може да се појави и розацеа.

Можете да се решите и со помош на ефикасни и проверени народни средства. Еве неколку корисни совети, кои ќе ви помогнат да се ослободите од испуканите капилари на лицето, со помош на традиционална козметологија.

Како да ги излечите купрозата, црвенилото и испуканите капилари на лицето:

1. Алое вера

Исечете лист алое во должина и чувајте го во ладилник неколку дена. Пред спиење, со исечената страна на листот мачкајте ја кожата на лицето, која претходно сте ја исчистиле со зелен или црн чај. Доколку малку ве пече – издржете, пецкањето обично поминува после 2-3 третмани. Ваквата постапка повторувајте ја секој втор ден, во текот на 2 седмици.

240px-Starr_011104-0040_Aloe_vera

2. Зелен домат

Во рок од 10 дена, секојдневно ставајте облоги од зелен домат, кој ги содржи сите неопходни киселини, што активно делуваат на сузбивање на куперозата ( црвенило и испукани капилари на лицето). Исечете го доматот на кришки и ставете го на проблематичните зони, околу 3 минути. Потоа на лицето нанесете хранлива крема.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

slajd_8

3. Магодонос

Овој ефикасен рецепт го користеле и нашите баби. Земете шака ливчиња од магдонос и прелејте ги со 100 мл. врела вода. Поклопете и оставете да отстои половина час. Потоа, исцедете го и додадете 50 мл. млеко. Со тоа натопете мало пешкирче, нежно исцедете го и ставете го на лицето ( или проблематичниот дел од лицето) околу 20 минути. Процедурата правете ја секојдневно, 20 дена. Потоа повторувајте ја по потреба.

magdonos_221010

4. Жалфија

Подгответе лековито млеко од жалфија. Четири лажици исушена жалфија прелејте ја со 200 мл. зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои десетина минути. Исцедете и додадете 200 мл. млеко. Со ова млеко темелно избришете го лицето. По 10 минути, измијте го со преостанатото млеко. Потоа, измијте го лицето со студена вода неколку пати. Процедурата можете да ја правите секојдневно, додека не дојде до подобрување на изгледот на кожата.

zalfija4

И нормално, одржувајте здрав начин на живот. Не го трујте организмот со цигари, алкохол, вежбајте и хранете се здраво.

- Реклама -