Како да го спасите загореното јадење?

Доколку ви загоре ручекот, нема потреба да очајувате или да се откажете и да дозволите вложениот труд да пропадне. Еве неколку начини со кои ќе можете да ги спасите загорените специјалитети.

Дури и на најискусните домаќинки може да им се случи да им загори ручекот. Сепак, постои начин кој ќе ви помогне го „спасите“ изгорениот оброк и тој да не заврши во кантата за отпадоци. Загорената храна немојте да ја мешате, туку префрлете ја во друг сад и продолжете со готвењето.

Доколку мирисот на „изгорено“ е сепак силен, при префрлувањето во друг сад, прекријте го со влажна крпа. После неколку минути заменете со друга влажна крпа и продолжете така се додека мирисот на изгорено не се неутрализира.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Можете да додадете и некој посилен зачин кој ќе го замаскира мирисот.

- Реклама -