Како да го задржите новото момче

На следниот состанок со новото момче, применете ги следниве совети и следете ја стратегијата. Загарантирано ќе му се допаднете…

Заинтригирајте го

Момчето ќе е позаинтересирано доколку има впечаток дека не е лесно да дојде до вас. Затоа, не му ги откривајте целосно вашите планови и не оставајте впечаток дека сте му на располагање кога и да ве покани да излезете. Да би останале интересни и понатаму, држете го во неизвесност…

Охрабрете го… но само малку

Ќе го излудите (во позитивна смисла) доколку се однесувате како да сте заинтересирани, но не и освоени. За да го охрабрите суптилно, гледајте го долго во очите или, ненадејно допрете му ја раката.

Шармирајте го

Еден од најдобрите начини да го освоите новото момче е да ги придобиете неговите пријатели. Доколку тие му дадат зелено светло, ќе биде целосно отворен за врска.

Неколку совети: Однесувајте се опуштено во нивно друштво. Момците не сакаат девојки кои се муртат на нивните детски шеги. Никако не го одвлекувајте дома прерано. Ќе им станете омилена доколку не ви пречи да останете со друштвото се додека сите не се разидат, барем на почетокот.

- Реклама -