Како да се справите со нискиот притисок?

На луѓето кои имаат низок притисок им се препорачува да јадат маслинки, да пијат сок од цвекло, како и да конзумираат доволно вода.

Дел од оние  со низок притисок не чувствуваат силни мачнини, но на некои овој проблем навистина им го отежнува секојдневниот живот.

Вртоглавица, чувство како да се наоѓате на брод кој се лула, тропање на срцето, бесознание, чувство на студ, бледило на кожата…сето тоа се знаци кои укажуваат на низок притисок.  Тој може да биде вообичаена физиолошка состојба на личноста, но се јавува и како последица на некои болести, лекови, дури и промени на положбата на телото.

Low-Blood-Pressure-What-to-Watch-Out-For-Pic

За да го држите притисокот во нормала, потребно е да ги усвоите следниве навики:

– Доволно солете ја храната.

– Освен тоа што многумина пијат кафе за покачување на притисокот, после краткотрајниот скок, внесувањето на кофеин најчесто го спушта притисокот повторно.

– Наместо кафе редовно пијте сок од домати.

tomatoes-beauty-health-tips

– Избегнувајте нагло станување од лежечка или положба во седење.

– Спијте на перница која пружа наслонување од пет до 20 степени во однос на креветот.

– Избегнувајте подигнување на тешки работи.

– Пијте доволно вода.

– Јадете малку, но често.

MAN-EATING

– Јадете производи кои го подигнуваат притисокот – сок од цвекло, сок од домати, маслинки и други намирници кои содржат сол.

– Избегнувајте долго туширање со топла вода, капење во терминални базени.

– Не се неопходни лекови. Обидете се со чај од рузмарин.

- Реклама -