Во текот на изминатите 50 години женската силуета претрпела значајни промени. Женскиот струк во просек е поширок за 18 сантиметри, па сѐ повеќе жени имаат правоаголна фигура наместо на песочен часовник.
Тенкиот струк и облини направија за телото на Мерлин Монро да мечтаат сите жени и да воздивнуваат сите мажи. Но, нејзината класична фигура ѝ припаѓа на минатото. Обемот на струкот кај просечната британска жена пораснал за 18 сантиметри од 50-тите години, а жените сѐ поретко личат на некогашните идеали.
Во 1951 година струкот на просечната жена изнесувал 68,5 сантиметри, а градите и колковите биле за околу 25.5 сантиметри поголеми. Новата студија утврди дека во просек обемот на струкот на денешните жени е 86 сантиметри, додека колковите и градите пораснале за 2.5 сантиметри – што значи само 10 сантиметри поголеми од струкот. Жените денес се нешто повисоки, во просек за 3.8 сантиметри.