Секогаш актуелна е темата за тоа дали Дизни принцезите и ликовите имаат негативно влијание врз изборите кои ги правиме во животот. Сонот да се биде принцеза, могумина го толкуваат како корени на денешните „спонзоруши“ или потребата од идеали и физички совршености. Од друга страна љубителите на овие цртани тврдат дека истите го поттикнуваат моралот и перцепцијата за доброто и злото уште од мали нозе.
Во наредните постери, надвор од огромните фустани и гламурозната шминка тие се кутри душички кои имаат чудни способности, а овие дизајни се дело на момче од LookHuman.com. Тие велат дека се инспирирани од последните настапи на Miley Cyrus и длабоко се извинуваат, ако уништиле нечие детство. Погледнете го резултатот од нивната работа и кажете дали го прифаќате извинувањето:)