Како го решаваат проблемот со дебелината во различни земји?

Статистички луѓето во светот се се повеќе склони кон дебелеење, особено во развиените земји. Во последните децении проблемот со прекумерната тежина од естетски проблем прерасна во  здравствен, социјален и економски. Растат и трошоците за здравје, како последица на болести поврзани со дебелината. Властите веќе се  принудени да го решаваат проблемот со дебелите граѓани преку геополитичките и економски стратегии. Погледнете како го постигнуваат тоа во различни земји

 Јапонија

japonija

Јапонија многу успешно го реши проблемот со дебелината.  Во земјата процентот на луѓето со прекумерна тежина е околу 3,5 проценти. Тоа делумно се должи на самите традиции на земјата, а делумно и на законот, кој го одредува максималниот износ на половината на граѓаните. Во 2008 година беше усвоен закон под името „Метабо“, според кој максималниот обем  на половината за возрасни не смее да надмине 90 инчи кај жените и 85 инчи кај мажите на возраст меѓу 40 и 74 години. Оние граѓани чија половина е  спротивна на законот, задолжително посетуваат нутриционисти и превземаат  мерки за намалување на тежината. Локалните здравствени власти дури имаат право да ги казнат прекршителите.

Кина

Кинезите користеле акупунктурата за борба против дебелината низ вековите. Истражување нарачано од медицински установи во Хонг Конг покажува дека оваа техника навистина функционира.

 Нов Зеланд

man and doctor

Во Нов Зеланд, еден од четворица возрасни страда од дебелина, па земјата почна да одбива влез во земјата на оние кои имаат прекоумерена тежина. Имиграционата служба бара оние кои сакаат да живеат во земјата, да поминат низ медицински преглед, и на својата интернет страница наведува дека нивната тежина е поврзана со долгорочните ризици за здравјето.

Дубаи

На19 јуни владата на Дубаи започна специјална програма – граѓаните добиваат финансиска поддршка, ако ја намалат тежината. Учесниците во програмата, кои губат два или повеќе килограми, до 16 август официјално   примаат надомест во форма на злато,  во согласност со  килограмите, кои ги симнале. Тројца учесници кои ослабеле повеќе од сите други, ќе добијат и златни монети во вредност од 20 илјади дирами, што е еквивалентно на 5 500 долари.

 САД 

Obesity_789340c

 Во САД слабеењето е бизнис и тоа профитабилен – од фитнес програми, диететски режими до хирургија, секој може да го најде својот лек. Колку тоа е ефикасно? Оваа година САД го предаде  првото место во листата на дебелите нации, но се уште се далеку од решение на проблемот. Една од терапиите кои најмногу ветуваат во моментов е „правосмукалка” за желудникот – кај неа се имплантира цевка во стомакот, поврзана со т.н. „кожна порта”, што на крајот овозможува да се пумпа до 30 проценти од потрошувачката на храна, пред да биде проголтана.

Европа

Европа обично ги решава проблемите со даноци. Во 2010 година Владата на Данска стана првата во Европа што воведе данок на бонбоните, чоколадото и сладоледот (25%). Во Германија – европската нација со највисок процент на дебели луѓе, пак, се обидоа да воведат данок „дебели”, откако податоците покажаа дека годишниот трошок за лекување на пациенти со прекумерна тежина на земјата изнесува 21,7 милијарди евра.

- Реклама -