Како Грците за три години станаа 45% од населението во Егејска Македонија

„Според грчките владини статистики, меѓу 1922 и 1925 година точно 638.253 Грци бегалци од Мала Азија беа населени во 51% од Македонија која Грција ја анексираше 10 години порано. Овие Грци одеднаш станаа 45 отсто од населението. Седумдесет години подоцна, грчката влада тврди дека овие Грци се единствените вистински Македонци“, пишува за „Camberra Times“ на 26 јули 1992 година, Виктор Бивел – македонско-австралиски активист роден во Австралија во 1957 година, но со потекло од Егејска Македонија.

Бивел беше и еден од потписниците на отвореното писмо кое домашни и странски професори, автори и други интелектуалци го испратија против Преспанскиот договор.

- Реклама -