Како хамбургерот и хот догот ги добиле имињата?

Дали ви се јаде едно жешко куче или Хамбург? Хот-догот и хамбургерот се појавија на почетокот на 19. век, а денес се секојдневие.

ОКолу етимологијата на имињата за популарните сендвичи и денес се води расправа, но едно е сигурно – и двете потекнуваат од Германија.

За хот-догот постојат многу теории како го добил името, иако е сигурно дека доаѓа од земјата на колбасите – Германија. Првата теорија е дека еден месар во Франкфурт имал куче јазовичар (dachshund), кои се долги и тенки, и дека по него нарекол тенки колбаси. Германските емигранти во 18 век во САД ги донеле тие колбаси и наместо името дачхунд што го користеле Германците, му го дале името хот-дог алудирајќи на куче.

hot-dog-with-mustard

Другата теорија е дека името куче (дог) во Германија бил синоним за колбаси и дека името станало вообичаено во говорот. Има и приказна по која овој назив се користи од 1884 година кога се појавиле обвиненија на сметка на произведувачите на виршли дека во нив ставале кучешко месо.

Можеби најпозната приказна е онаа од 1901 година за продавачот на храна во Америка кој им викал на луѓето да ги купат колбасите додека се уште жешки (хот) на бејзбол меч. Спортскиот карикатуристи не знаел како се пишува јазавичар па ги нарекол хот-догс (жешки кучиња – колбаси) во стрип кој излегол во новините следниот ден.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Денот на хот-дог се слави на 23 јули во САД, Канада, Велика Британија и Германија. Најсвечен настан е секако годишниот хот-дог ручек во Капитол Хил во Вашингтон. Над 1000 гости ја одбележуваат прославата така што тој ден имаат хот дог за ручек.

Хамбургер и вид на пециво во кое е ставено парче говедско месо, во кое се ставаат разни прилози и салати. Својот фин вкус го должат на германските месари, а локалното население набрзо ги нарекле германски бифтеци. Кога биле претставени во Америка, поради изговорот ги нарекле хамбургери по градот Хамбург од каде што настанале. Официјално добил признание на почетокот на 19 век кога „Њујорк трибјун“ ги прогласил за иновација.

[pictures.4ever.eu] hamburger 156667 (1)

Без разлика дали ги сакате или не, хот-догот и хамбургерот се дел од светската кулинарска култура и сигурно се најпознати претставници на брзата храна.

- Реклама -