Како изгледа „Боемска рапсодија“ после кинеската цензура?

Премиерата на биографскиот филм за Фреди Меркјури – „Bohemian Rhapsody“ во Кина остави многумина од гледачите збунети, бидејќи многу голем дел од филмот немал никаква смисла. Оние што филмот го гледале претходно велат дека тоа е поради цензурата на сцените.

А до кој степен е цензуриран филмот покажува податокот што од целото времетраење се ифрлени вкупно цели четири минути материјал. Цензурирани се сцените во кои се споменува сексуалната ориентација на пејачот на Queen, дијагнозата со СИДА, интимните сцени што се однесуваат на личните односи на Меркјури, како и оние со референци на употребата на дрога.

Според оние кои го гледале филмот пред премиерата, целосно исечени се и некои од клучните сцени, без кои останатите губат смисла. На пример, целосно е исфрлена сцената кога Фреди ѝ открива на својата девојка Мери Остин дека е бисексуалец, што резултира со нивно раскинување. Така гледачите на цензурираната верзија се оставени тотално збунети околу причината зошто воопшто овие двајца раскинале.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Со еден збор, исфрлени се сите имплицитни и експлицитни сцени кои се однесуваат на хомосексуалноста на Меркјури, па дури и кадарот во кој пејачот на Queen го става микрофонот во близина на препоните…

- Реклама -