Еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси, заедно со српскиот актер Сергеј Трифуновиќ сними реклама за „Чипси“ кој го произведува Marbo во рамките на компанијата PepsiCo.
Многумина не веруваа дека првакот од Барселона е навистина во рекламата за овој српски производ, но „Чипси“, кој работи во западниот дел на Балканот, постави на својот канал видео со објаснување како дошло до соработката со аргентинскиот капитен.
„Господине, една фотографија?“, Меси го прашува во рекламата српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, кој е заштитно лице на овој бренд.