Американскиот производител на електрични автомобили – Tesla, се пофали на друштвените мрежи со беспрекорниот изглед на својот мотор дури и по поминати 1.6 милион километри.
Токму долговечноста, впрочем, е и една од причините што електричните автомобили се сé попопуларни на сметка на конвенционалните автомобили со мотори со внатрешно согорување.
Поради начинот на развивање на моќта, на електро-моторите им се потребни далеку помалку подвижни делови, а не се неопходни ни степените на преност; со сето тоа значително се продолжува долговечноста на моторот и трансмисијата.
Tesla, инаку, имаа за цел да направат погон кој ќе може да помине 320.000 километри, но тестирањата покажаа, на радост на сите, дека и по значително поголема километража нема значителни последици по долговечноста и работата на моторот. Tesla тоа го покажа преку фотографиите од механичките делови на погонот и менувачот на нивниот Model 3, по, како што рековме, изминати 1.6 милион километри.
Од Tesla истакнуваат дека во последните месеци бележат и значителен напредок во развојот на компонентите за високо оптоварување, а погонските склопови од Model 3 ќе се најдат и во следниот производ на Tesla – електричниот шлепер Semi.
The Model 3 drive system is designed and validated for over 1 million miles – this is what the gears look like after testing pic.twitter.com/a6gk2akPF0
— Tesla (@Tesla) October 15, 2018