Како изгледа пештерата што зароби 13-мина (ВИДЕО)

Американската телевизија Си-ен-ен направи дијаграм за внатрешноста на пештерата во Тајланд, во која веќе десетина дена се заробени 12 деца со нивниот тренер.

Како што може да се види на дијаграмот, момчињата оделе нагоре-надолу додека не дошле до eден залив. Но, кога почнале силни дождови, бидејќи е во тек сезона на монсуните, не можеле веќе да се вратат по истиот пат кој бил потопен со вода и така останале заробени.

Теренот на пештерата е суров. На нуркачите кои ги пронашле момчињата им требале 4 часа за да преминат еден километар. Водата е матна, а струите се силни. Има остри премини и опасност од паника при спасувањето. Сѐ уште има големи стравувања за тоа како ќе се извлечат момчињата на земјата.

Една од можностите е да се обучат за нуркање иако ниедно од нив не знае ни да плива. Оваа обука би одзела доста време, можеби месеци.

Во меѓувреме, момчињата и нивниот фудбалски тренер се опоравуваат со храната и течностите што им се донесени.

- Реклама -