Како изгледаат денес Ник Слотер и неговата партнерка од Тропска горештина?

Тропска горештина ( Tropical Heat) е канадска телевизиска серија. Дејствијата на серијата се сместени во измислениот град Ки Мараја, во американската сојузна држава Флорида.
Оваа легендарна серија е во копродукција со Мексико и Израел, а опишува доживувања на двајца приватни детективи, поранешниот полицаец Ник Слотер и поранешниот туристички агент Силви Џирард, кои решаваат бројни случаи.

Серијата имаше три сезони и вкупно 66 епизоди. Првата била снимена во Пуерто Валјарти, во Мексико, втората во Израел, а третата во Јужноафриканската Република.

[youtube]http://youtu.be/wS-eWDX57Kg[/youtube]
Препознатлив по своите раскопчани кошули и денес Ник Слотер ужива популарност и не лик кој не останал запаметен. Денес Роб Стјуарт живее во Лос Анџелес. Погледнете како изгледа.


Керолин Дан се најде во улогата на негова партнерка и е позната како Силвија. Во 2008 година таа отворила своја клиника во која се занимава со алтернативна медицина. Не е мажена и обожува да го поминува времето во фитнес центри.

 

- Реклама -