Како изгледаше YouТube пред 10 години?

На 14-ти февруари 2005-тата, пред точно 10 години, беше основан најпопуларниот видео-сајт на денешницата – YouTube. Се започна многу скромно и не баш импресивно. Пред една деценија, YouTube изгледаше вака:


Денес, сајтот има преку билион корисници и е фабрика за супер-ѕвезди од секоја сфера на живеењето, но и родна лулка на еден куп масовни културни феномени. „Ме at the zoo“ – првото прикачено видео на сервисот, денес има преку 17.5 милиони прегледи.

Патем:
– Секојдневно, луѓето поминуваат стотици милиони часови на гледање на YouTube видеа, генерирајќи билиони прегледи
– Секоја година, месечниот број на часови што луѓето ги поминуваат гледајќи видеа на сервисот расте за 50%
– Секоја минута, нови 300 часа видео-материјали се прикачуваат на YouTube
– 60% од прегледите на одредено видео доаѓаат од различна земја од онаа на авторот
– YouTube го има во 75 држави и е достапен на 61 јазик

- Реклама -