Како Јута ги спречи крадците да го украдат Божиќ

christmasthief

Доаѓаат новогодишните празници, а во Јута, како и секаде по светот, почнуваат да фрчат подароци. Проблемот е што најголем дел од нив се купени онлајн и се доставени на адреса на примателот. Кога примателот живее во куќа и доставувачот не може да го најде дома, обично пакетот е оставен на тремот. Ај сега замисли што би се случило во Македонија ако во куќните дворови стојат пакети со ознаката на Amazon, на пример, во кои потенцијално се кријат мошне вредни „награди“ (најновиот iPhone). Е па истото тоа се случува и во Јута, а особено e изразено во соседството Дејбрејк. Лоповите роварат по дворовите и ги крадат пакетите со новогодишни подароци.

Полицијата предупредува дека се потребни само неколку секунди за некој крадец да скокне од кола, да го грабне пакетот и да избега. Исто така, апелира граѓаните да не се соочуваат директно со крадците, туку наместо тоа да користат камери за видео-надзор.

amazon-boxes-on-porch[1]

И така, оние побогатите го решаваат проблемот со камери. Оние досетливите, пак, со итроштина. Да, вториве очигледно се фокусирани да го отстранат проблемот од корен. Затоа, на своите тремови почнаа да оставаат лажни пратки – пакети полни со камења, отпад, расипани телевизори, стара облека и други глупости. Целта е ловот на крадците да го направат максимално збунувачки, неисплатлив и фрустрирачки, до степен веќе никогаш да не им текне да се обидат да ги крадат новогодишните пакети. Замисли само, се килавиш со некоја голема и тешка кутија преку пола град и на крајот сфаќаш дека е полна со камења… или дека 32-инчниот телевизор што си го украл е со пукнат екран. Здравата логика вели дека веројатно е никогаш повеќе да не крадеш од таа куќа.

Здружената акција на жителите на Дејбрејк почнала откако еден од локалците ја предложил идејата на локалната Фејсбук страна на општината. Ако продолжи со систематско спроведување, неизбежно е да вроди со резултати, а од друга страна, ова е уште една потврда дека проблемите можат да се решаваат без насилство (како што проповеда Ганди), но со ум. Башка што е забавно.

- Реклама -