Јелена Ѓоковиќ ќе се породи во Монде Карло, а на детето ќе му дадат име по братот на Ноле и кумот.
Брачните партнери Јелена и Новак за нешто помалку од два месеци ќе станат родители за прв пат. Како што пренесуваат српските медиуми, дедето ќе се роди во Монте Карло.
– Јелена нема да се породи во Србија. Таа де редовно на контроли и ги брои деновите до моментот кога за прв пат ќе слушне плач на детето. Веќе некое време не изглегува многу на прошетка и воглавно е во станот. Повремено во посета и доаѓаат другарките и сестра и Маја, за која што е многу врзана, вели близок на познатиот пар и додава:
– Новак нема да добие можност да присуствува на породувањето, бидејќи тие денови ќе биде на турнири во Азија, а во моментов се наоѓа во САД. Тие веќе имаат неколку фаворити за име. Многу е можно детето да се вика Марко, по братот на Ноле, но и кумот на венчавката се вика Марко. Парот сака дедето да има интернационално име, па ова е соврше избор.
Новак и Јелена се венчаа на 10 јули на Свети Стефан. Парот е заедно уште од средношколските клупи.