Краткиот одговор е – без раце. Долгиот е дека во кинеските болници имаат интересна направа што им приредува оргазми на донаторите, односно hands-free колектор (собирач) на сперма.
Концептот е баш онаков каков што погодувате. Откако ќе се наместите во потребната позиција, цевката за масажа се собира и испакнува се додека не си ја заврши работата т.е. субјектот ејакулира, а спермата е собрана. Дополнително, може да се подеси висината, но и фреквенцијата, брзината и температурата на работа на машината, а на горниот дел има и екран за визуелна стимулација (читај: порно), се со цел да бидете максимално задоволени додека машината ви прави фелацио, третирајќи ве како крава за молзење. Сепак, ниедни зборови не можат праведно да го опишат изумот, па едноставно, погледнете го видеото:
Според директорот на уролошкиот оддел, машината е дизајнирана да им помогне на индивидуите што имаат потешкотии да се докачат до својата сперма на стариот и добро-познат начин. Сепак, човек не може а да не се посомнева дека целата работа само маска за она што навистина се случува, имајќи во предвид дека Кина има огромна популација и нема проблеми со наталитетот, а со тоа ни потреба од банки за сперма. Во право сме?