Како Мекдоналдс спречува пијани тепачки

Ја знаете процедурата. Сте излегле некаде во ноќен живот, сте се журкале, сте се напиле и после тоа одите да јадете. Доброто расположение е колку-толку спласнато, а ефектот од алкохолот воопшто не… Што ја зголемува можноста дека ќе се најдат двајца со лошо пијанство за да почнат тепачка и да направат ‘ршум.

Британци како Британци – пијаните тепачки не им се новост. Не им се новост ниту на одредени ресторани од ланецот на Мекдоналдс кои се лоцирани во „критичните“ журкачки реони. А Мекдоналдс, се разбира, преферира цивилизирани пијаници. Па, за да го „охрабрат“ ваквото однесување, решија да искористат неколку класични трикови. Во буквална смисла. Со класична музика.

Ланецот веќе некое време ги тестираше ефектите од класичната музика во раните утрински часови, кога се случува големата преселба на луѓето – од пабовите кон хамбургерите. Излезе дека ефектот е смирувачки.

Прочитајте и:  „Мрачната тајна“ на познатиот помфрит од Мекдоналдс: Кога ќе слушнете во што се пржи ќе разберете зошто има таков вкус

„Ги тестиравме ефектите од класичната музика и порано, и пуштавме таква музика во некои од нашите ресторани бидејќи охрабрува поприфатливо однесување“, вели претставник на Мекдоналдс. Обично класика пуштаат со почеток во раните вечерни часови, а во одреден број ресторани класика се пушта во одредени („поизлегувачки“) денови.

Првиот град во кој била тестирана тактиката бил Глазгов (не случајно), а пред неколку години праксата ја вовеле и други градови. Нема статистички податоци (и не ни може да има) за тоа колку е намален бројот на тепачки, ама и од Мекдоналдс, и од полицијата се убедени дека ефект – има.

- Реклама -