Како меурчињата прават транспортот на течност да биде побезбеден?

Одење со чаша вода исполнета до врвот е крајно небезбедна, но одењето на исто растојание додека носите макијато или пиво е многу полесно.

Научниците од универзитетот Принстон сметаат дека разбираат зошто е тоа така: пената на површината на течноста спречува претекување!

За да ја потврдат ова хипотеза, научниците направиле слој од меурчиња на тој начин што вбризгале воздух во водата, глицерин и раствор од течност за миење садови. Кога пробале да ги поместуваат садовите полни со течност и меурчиња на начин што би предизвикал прелевање – брзо од едната на другата страна и напред и назад – меурчињата го успорувале движењето на течноста.

Со оглед на тоа што прелевањето е ризично во ситуации кога се транспортираат опасни течности како што е нафтата, додавањето на пена може да го направи овој вид на транспорт побезбеден.

 

- Реклама -