Како Милка чоколадата го добила името?

Едно од најомилените слатки задоволства на светот е секако Милка чоколадото. Но, од каде баш тоа име?

Најчеста и најпозната „теорија“ е дека името Милка доаѓа од два германски збора: млеко (milch) и какао (kakao). Звучи многу логично, но постои и друга претпоставка.

Имено, се смета дека чоколадата го добила името по Милка Трнина – огромна оперска ѕвезда на просторите на Европа и Северна Америка, за време на крајот на 19-от и почетокот на 20-от век. Родена е во Иванич-град во Хрватска, на 19-ти декември 1863-та година. Таа е најголемата хрватска оперска пејачка и една од најзначајните во историјата на операта. Се прославила со настапите во делата на Вагнер, но пеела и дела од Бетовен и Моцарт. Починала во 1941-та година.

milka01a[1]

Па, како нејзиното име завршило како име на чоколада? Карл Рус-Сучард бил угледен швајцарски сопственик на фабрика, и воедно зет на Филип Сучард, кој во 1901-та ја основал компанијата во која за прв пат било произведено Милка чоколадото. Карл бил толку импресиониран од оперската дива, што го убедил Филип да ја нарече компанијата по нејзиното име.

Токму оваа анегдота е една од поинтересните за животот на Милка Трнина, се разбира, надвор од операта. А што се однесува до името на чоколадата, веројатно има по нешто вистина и во двете теории.

- Реклама -