Како млад брачен пар од Британија ја избегна смртта во малезискиот авион

Британскиот брачен пар Бери и Изи Сим и нивното бебе избегнале влегување во авионот „Малезија ерлајнс“ кој вчера беше соборен од проектил на руско-унгарската граница, во која што несреќа загинаа 298 луѓе.
Ним на аеродромот во Амстердам им било кажано дека нема доволно место за нив и бебето во авионот, па семејството се качило на следниот КЛМ лет.

На прашањето како се чувствуваат што ја избегнале страшната несреќа, Бери Сим вели: „Имаме некакво мачно чувство во стомакот. Како да имаме пеперутки во него. Срцето ни чука силно“.

Escape: Barry and Izzy Sim were due to fly on doomed Malaysian Airlines flight MH17 with their young baby but were bumped off after being told that there were not enough seats

„Како да имаше некој кој што внимава на нас и ни рече: „Не смеете да влезете во тој авион“. Ги сакаме „Малезија ерлајнс“ и речиси секогаш летаме со нивните авиони“, вели Сим, додавајќи дека неговата сопруга не сака да лета со КЛМ.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Doomed: Malaysia Airlines flight MH17 taking off from Schiphol airport today. Barry and Izzy Sim were due to be on the flight with their young baby

„Но, знаето што, во овој момент сме пресреќни што бевме во авинот КЛМ наместо во малезискиот авион“, рекла Изи.

Бери Сим верува дека „гром не удира на исто место два пати“. „Но, мојата жена не се чувстува исто. Веројатно сега летање ѝ е последно нешто што таа го сака, особено до Куала Лумпур“, рекол тој.

- Реклама -