Како најбрзо да се разладите

Неподнослива жештина, спарност и потење се појави кои не му се пријатни на ниту еден човек. Затоа, ви даваме неколку совети како ефикасно да се разладите.

Млак туш и ладен лосион

Можеби мислите дека е најдобар начин да се разладите со ладен туш, но тој ќе ви пружи само моментално освежување бидејќи после ќе ви биде само потопло од претходно. Најдобра е топла вода за да не би го шокирале вашето тело. Депилацијата е задолжителна бидејќи бз влакна помалку ќе се потите. После туширањето наместо масло за тело одлучете се за ладен лосион. Одлично освежување ќе ви пружи доколку го чувате во фрижидер.

How-to-Stop-Excessive-Sweating

Во канцеларија

Немате клима на работното место? Најдобар начин да се освежите е изворска вода во спреј (а може да послужи и обична кисела вода). Едноставно испрскајте во воздухот и на лицето ќе се почувствувате многу попријатно.

Против потење на нозете

Во летните денови преферирајте да носите отворени сандали за да би можеле вашите стапала да бидат свежи во секој момент. Доколку пак имате проблеми со потење на стапалата, купете спреј против потење кој можете да го најдете во секоја подобро снабдена парфимерија.

Доколку сте во автомобил, половина час пред да завршите со возењето исклучете ја климата за шокот при излегувањето да не биде преголем.

- Реклама -