Koмпанијата Мател ја претстави својата Барби кукла на 09.март. 1959 година. Интересно е што била достапна и како црнка и како блондинка. Имала костим за капење со линии и поглед насочен кон десна страна.
Прв пат била претставена во светот на Американскиот меѓународен саем за играчки во Њујорк. До идејата за барби кукла дошла Рут Хендлер, сопруга на коосновачот на големата корпорација Мател. Имено, таа забележала дека нејзината ќерка често се однесува кон куклите како кон возрасни луѓе. Во тоа време (1950-та) практично сите кукли биле со детски израз. Рут се досетила дека можеби би било добро да произведе кукла која изгледа како возрасна особа.
Имено, Барби го добила името по ќерката Барбара ( Кен по синот Кену).
Сепак, инспирацијата најмногу дошла од таму што во текот на една посета во Германија, Рут наишла на куклата „Bild Lilli“, која се произведувала веќе неколку години, а претставувала возрасна млада жена. Лили всушност била наменета за возрасните, а настанала на основа на еден лик од стрип.
„Bild Lilli” била девојка со слободен морал, особено во поглед на сексуалноста. Била блондинка и го користела својот изглед за да успее во животот, особено во светот на мажите. Рут му ја покажала куклата на својот сопруг Елиот Хандлер, а тој ја прифатил идејата како и останатите од неговата компанија Мател.