Како некои луѓе функционираат со малку спиење?

будењеПостои мала група на луѓе – 1 до максимум 3 проценти од светското население – за кои спиењето е само загубено време. Овие луѓе се и ноќни птици и ранобудници истовремено. Тие типично си легнуваат по полноќ, а се будат само неколку часа подоцна и работат цел ден без потреба од дополнителен одмор или кофеин.

Тие се енергетични, отворени, оптимсти и поседуваат амбиција. Барем така велат резултатите од ново истражување кое ги изучувало овие луѓе. Ваквиот распоред кај овие луѓе се развива во детството и најчесто е присутен кај повеќе членови на едно семејство.  Иако не е јасно дали сите вакви луѓе често се многу успешни, тоа не е изненадување со оглед на тоа што имаат повеќе време на располагање и постојано наоѓаат поинтересни работи од спиење. Тие дури честопати прават повеќе работи истовремено.

Никој не знае колку вакви луѓе постојат. „Бројката не е ни од далеку толку висока колку бројката на оние кои мислат дека можат да функционираат со малку одмор“ вели Даниел Бајси, психијатар од Универзитетот во Питсбург. „Од секои сто луѓе кои веруваат дека им се потребни само пет до шест часа сон, само околу пет навистина можат да функционираат со толку малку одмор. Останатите стануваат хронично поспани.“

Прочитајте и:  Имунолог тврди дека никогаш не треба да правиме една работа кога сме настинати

Досега само неколку мали студии се фокусирале на овие луѓе – главно бидејќи многу е тешко да се најдат субјекти за проучување. Тие ретко посетуваат клиники за спиење бидејќи не мислат дека имаат проблем. Неколку студии дошле до заклучок дека дел од овие луѓе страдаат од хипоманија, блага форма на манија со брзи мисли и малку инхибиции. „Овие луѓе говорат брзо. Никогаш не престануваат. Тие секогаш гледаат позитивно на животот“ додал доктор Бајси.

Тој бил еден од авторите на студија извршена во 2001 година во која учествувале 12 луѓе кои спијат малку и 12 контролни субјекти кои спијат нормално. Сите доброволци воделе дневник и пополнувале прашалници за нивната работа, спиењето и животните навики. Анкета наречена „Однос кон животот“ која всушност била тест за хипоманија. Оние на кои им требало малку спиење имале двапати повисоки резултати од оние кои спиеле од 7-9 часа.

Не постои начин некој да се „истренира“ да живее со малку спиење. Но, научниците се надеваат дека со изучување на овие луѓе ќе можат подобро да разберат како телото го регулира спиењето и зошто потребата за спиење варира толку многу. [The sleepless elite]

- Реклама -