Како Нетанјаху ѝ ја честиташе евровизиската победа на претставничката на Израел: Нета, ти си вистинска крава!

Нета – претставничката на Израел, победи на Евровизија, а како што е редот, меѓу првите што честитаа се најде и израелскиот премиер – Бенџамин Нетанјаху.

Арно ама, имаше мал проблем. Честитката на Твитер тој ја напиша на хебрејски, а автоматскиот преведувач на Microsoft баш и не секогаш се снаоѓа најдобро со преводот од „егзотични“ јазици.

Како резултат, многумина прочитаа: „Neta, you are a real cow“, т.е. „Нета, ти си вистинска крава“.

За среќа тоа не беше целата порака, па беше евидентно дека не се работи за навреда, туку дека нешто не штима во преводот.

Остатокот гласеше: „… Ти донесе многу почит за Израел! Следната година во Ерусалим!“

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

Што се однесува до грешката, автоматскиот преведувач на Бинг се збунил поради зборот „капара“, кој содржи три еврејски букви кои се користат и во зборот „крава“.

Откако грешката стана вирална и ја засени честитката на премиерот, конечно беше поправена.

- Реклама -