Тешко може да помине дебата на тема бебиња во авион без да се вжештат страстите. Од таквите дуели, гледано отстрана, човек заклучува дека авионските компании треба повеќе да се потрудат да направат да им биде удобно на сите патници, меѓу нив и бебињата. Особено што едно време тоа и го правеа.
Како што покажуваат фотографииве, British Overseas Airways Corporation (BOAC) отиде чекор подалеку за да се осигура дека патниците ќе бидат задоволни. Компанијата-предок на Бритиш Ервејс имаше посебни лежалки за бебињата. По потреба, тие беа монтирани на делот над седиштата, овозможувајќи му на бебето да спие удобно и безбедно (беа така дизајнирани за да спречат бебете до може да падне). Сепак, детето морало да биде држено од родител за време на полетувањето и слетувањето; пракса што важи и денес.
И денес авиокомпаниите нудат слични легла за бебиња, со таа разлика што обично се закачени на преградните ѕидови во авионот (тие седишта обично се први во редот и резервирани за родителите).