Одржувањето на прелиените или само зацврстените нокти воопшто не е евтино, дури ни кога ќе се одлучите да го тргнете гелот, бидејќи и тоа чини. Советниците за убавина од магазинот „Cosmopolitan“ тврдат дека гелот може да се тргне и во домашни услови, па затоа прочитајте што се ви е потребно:
-Блок за маникир (коцкаста груба терапија)
-Памук
-Ацетон
-Алуминиумска фолија
Постапка:
1. Стругајте ги ноктите со страната на која пишува „buff“ се додека не исчезне сјајот,
2. Потоа, памукот добро навлажнете го со ацетон, и распределете го на секој нокт,
3. Исечените парчиња алуминиумска фолија обложете ги преку секој нокт на кој се наоѓа памукот,
4. Почекајте 10 минути, тргнете ја фолијата и памукот, и со ново парче памук тргнете го остатокот од гелот кој веќе омекнал.