Како се гради во Центар, 2022 година (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Следниве фотографии се од ул. „Костурски херои“ бр. 51. Жители од улицата ни ги испратија за да се пофалат колку им е забавна навигацијата помеѓу бројните препреки кои се резултат на градежните работи на оваа локација.

Како што може да се види, има за секого по нешто. Пешаците, на пример, треба да внимаваат за својот живот додека ја прескокнуваат арматурата послана на тротоарот, бидејќи од заштитна ограда нема ни траг.

Секако, претходно треба да ја заобиколат градежната механизација, што воедно е и знак дека играта (да останеш читав) започнува.

Возачите исто така треба да внимаваат, бидејќи дел од градежниот материјал навлегува и во улицата.

Доброто е што во случај да им настрада гума и за момент да изгубат контрола над возилото (или недај боже полошо), можат веднаш да претрчаат до монтажниот тоалет и да се „олеснат“ од претрпениот шок…

- Реклама -