Како се менува видот на бебето во првата година од животот

Ќе се роди бебе, па родителите по цел ден го зјапаат и му се радуваат, му прават фаци, му се насмевнуваат. А од друга страна, бебето ве гледа матно. Буквално.

Ромеш Ангунавела, во соработка со Clinic Compare, решил да ни покаже како изгледа светот низ очите на детето во првата година од животот, и тоа преку .gif aнимација.

Испаѓа дека во првите неколку денови од животот, бебињата гледаат само заматена црно-бела слика. Секој следен месец, нивниот вид се подобрува, а дури по три месеци бебето почнува да ги препознава лицата на неговите родители. Во меѓувреме светот станува сé поколоритен и повивиден, а видот пак, целосно се формира дури на околу 2 години – таман кога децата се желни да го истражуваат светот околу нив.

Прочитајте и:  По години неуспешни обиди, 61-годишна Македонка го роди своето прво дете - медицината во Македонија на ниво со светските достигнувања

- Реклама -