„За време на ’50-тите и ’60-тите во Иран владееше добар баланс меѓу модата и скромноста“, пишува автор од Иран за Иран за Vintag.es.
„Жените беа еманципирани, но сепак се однесуваа како Иранки. Изгледаа стилски и елегантно без да изгледаат вулгарно. Здолништата беа долги и покажуваа што е можно помалку гoлa кожа.
До доцните 1970-ти, мини здолништата, шорцевите, тесните фармерки и бикините станаа многу модерни за иранските жени. Тоа беше малку премногу за доминантно муслиманската и традиционално воспитаната иранска нација“, вели авторот.
„Младите жени и девојки често се фрцкаа со своите тела во јавност и ги предизвикуваа мажите. Ова можеби беше прифатливо однесување за либанските христијани, но не и за нас Иранците. Како резултат, овие жени некогаш беа cекcyaлнo напаѓани и вознемирувани во јавност. На пример, атрактивна млада жена во мини здолниште беше cилyвaнa среде бел ден на пазар во централен Техеран. Сепак, безбедноста не им беше главната грижа на жените.
Беше многу тренди целосно да се имитира Западниот изглед и манирите, а немаше таков мајндсет. Техеранските бутици ги продаваа најновите европски модни линии и шминка. Списанијата често на насловна имаа млади жени во скромна (авторот користи израз: оросп*ска) облека и cyгеcтивни пози. Во филмовите жените беа прикажувани како зaвoдливи ceкcyaлни објекти. Дури и државната телевизија емитуваше eкcплицитни европски серии, како “Tales from the village”. Токму овој проблем веројатно придонесе за падот на режимот во доцните ’70-ти“.
*Текстов е напишан во 2018-та. Ги пренесуваме ваквите главно застарени сфаќања чисто за да направите споредба што било, а што не е прифатливо во тогашен и денешен Иран.
Како и да е, да ја погледнеме галеријата од тогашната иранска мода, презентирана главно преку насловните на модните списанија:
Повеќе на темата: ОД ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ НОСЕЊЕ ХИЏАБ, ИРАН 1979-ТА
Повеќе околу Иран: ТУКА