Веќе неколку години по ред традиционално влегуваме во Новата Година со секси – календарот на Пелистерка. Во неговото последно издание за 2015-та година, главни „хероини“ беа Тамара Тодевска, Марјана Станокојвска и Аделина Тахири. Сексипилните пози преточени во 12 беспрекорни фотографии предизвикаа лавина коментари во јавноста, а за да го постигне овој ефект, фотографот Чедо Поповски се потруди да го извлече најдоброто од сетот. Погледнете како течеше атмосферата зад неговиот објектив во видеото во продолжение.