Како се прави публиката во филмовите

Не сме баш сигурни дека ова важи и за денес за филмовите со голем буџет, ама до пред некоја година, кога CGI (Computer Generated Imagery) беше скапо, а да најдеш илјадници статисти и да ги облечеш, нашминкаш и координираш – уште поскапо, во многу од филмовите и рекламите во сцените со голема публика се користеа кукли. Илјадници пластични кукли на надувување.

Така, имате компанија што се вика Inflatable Crowd Company која изнајмува вакви кукли. Формирана е во 2002 година за потребите на сцените со толпа во холивудскиот филм Seabiscuit (2003).

Сцена од филмот. Пазете ја публиката позади. Уште сте убедени дека се живи луѓе?

Компанијата ги доставуба без лица и перики. Тие им се додаваат подоцна.

Одблизу изгледаат апла лажно и ужасно, но под вистинското светло, агол и далечина, нема шанси да ги забележите.

Публиката на надувување на Inflatable Crowd Company е искористена во најмалку 80 играни филмови. Меѓу нив има и доста големи наслови, како „The King’s Speech“ (2010), „American Gangster“ (2007), „Spiderman 3“ (2007) и многу други. Како што спомнавме погоре, куклите ги имало и во многу реклами и ТВ шоуа.

Еве конкретни примери:

^ Сетот на „American Gangster“ со 1.500 кукли на надувување.

^ Сетот на „Cinderella Man“ (2005 год.) со 11.000 кукли на надувување.

^ Сетот на „We Are Marshall“ (2006), со 2.400 „надувани“.

^ Сетот на „The Changeling“ (2008), со 400 кукли.

^ Сетот на „Glory Road“ (2006) со 4.000 кукли

 

^ Рани подготовки на сетот на „Angels & Demons“ (2009) со 550 кукли.

 

- Реклама -