Како спие бебето во стомакот?

Бебето спие во стомакот повеќе од 20 часа дневно.

Toa  е сместено во средина која е темна, топла и тивка, а кога мајката ќе зачекори или се поместува, го нишка  бебето во сон. Тоа е навикнато на мирен звук – отчукувањето на срцето, звукот на цревата и гласот.

Никогаш не е гладно бидејќи има константен налив на хранливи материи. Како резултат на овие фактори, бебето ретко има проблем со спиење. Периодите во кои тоа е будно траат многу кратко.

Малото е активно во сонот. Клоцањата и удирањата кои се чувствуваат се воглавно движења кои ги прави во текот на спиењето.
Некаде околу седмиот месец бебето почнува да сонува. Неговиот мозок тогаш е веќе развиен за сон.
Децата најмногу сонуваат кога се млади, а неродените бебиња сонуваат најмногу- околу 90 проценти од своето спиење го поминуваат во оваа фаза.

Прочитајте и:  По години неуспешни обиди, 61-годишна Македонка го роди своето прво дете - медицината во Македонија на ниво со светските достигнувања

За што може да сонува фетус?

Тоа никој не го знае. Постојат теории дека веројатно се работи за звуци и магловити слики.
На 4D скенер, може да се забележи како бебето се „насмевнува“ во сон. Тоа се случува поради РЕМ фазата на сон – фацијалните мускули се грчат и создаваат израз кој нам ни наликува на насмевка.

Бебето е „ноќна птица“. Најактивно е навечер, бидејќи тогаш има најмногу простор за движење и најмалку вознемирувачки движења, кои го нишкаат во сонот.

- Реклама -